Недела на грижа за стари лица

По повод одбележување на Недела на грижа за стари лица, представниците од одделот за детска, социјална и здраствена заштита од Општина Карпош, заедно со градоначалникот Стевчо Јакимовски, како и децата од групата “Јаболчиња” од објект Први стапки, беа во посета на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, односно одделот „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани. Децата со изведба на неколку песнички и рецитал за есента им ги стоплија срцата на старите лица кои престојуваат во овој завод.