Симболи, слики и знаци
Пет, 06/12/2024
Групата Пеперутки од објектот Бисерчиња ги открија тајните на пишувањето низ историјата, впуштајќи се во магичниот свет на древните култури. Преку истражување на хиероглифите, го запознаа мистичниот јазик на древниот Египет – симболите и сликите кои некогаш ги раскажувале приказните за фараоните, боговите и секојдневниот живот покрај Нил. Во продолжение, се восхитуваа на калиграфија, учејќи за оваа уметност.