Архитект
Пон, 12/2/2024
Денес децата од група "Јаболчиња", oбјект Први стапки, имаа можност да се запознаат со професијата архитект. Со употреба на ЛЕГО-коцки децата врз основа на понуден план изработија макета на дел од проектирана населба. Благодарност до родителот Благица Атанасова која овозможи збогатување на детските сознанија за професиите со кои се занимаваат луѓето.














