Skip to main content
Дома
Градинка Орце Николов
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Финансиска едукација 2019

Ојавено Вто, 26/03/2019 - 2:41pm

Народната банка на Република Северна Македонија од 2012 година наваму спроведува активности во доменот на финансиската едукација, со цел да ја приближи Народната банка до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на граѓаните за доменот на делување на институцијата, нејзината улога и значењето што го има во домашната економија.

Организираните посети вклучуваат посета на Музејот на Народната банка, а воедно децата се запознаваат и со основните функции на Народната банка преку интерактивна презентација од страна на вработени во Народната банка.

Во рамки на едукацијата на деца и млади, децата од  нашата градинка „Орце Николов“ беа  на посета на 26 март 2019 година како прва градинка од целата територија на Република Северна Македонија.

Во проектот учествуваа големите групи од објектите К2  (Наташа - Вале) и К4 (Елена - Зухра).

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen