Децата од групата Зајачиња, објект Бисерчиња, во рамките на проектот „Ајде да играме – Спорт и видови спортови“ се запознаа со одбојката. Во соработка со Бранка Калиникова тренер на одбојкарски клуб „Газели Волеј“ децата имаа можност да присуствуваат и да бидат дел од тренинг по одбојка одржан во салата „Борис Трајковски“.
Исто така, во соработка со родителите, одбојкарскиот клуб Работнички и нивниот тренер Душко Деспотовски децата имаа можност да присуствуваат на натпреварот Работнички – Фит Фан. Децата го развиваа натпреварувачкиот дух и желбата за спорт, забавувајќи се на трибините.
Голема благодарност до обојкарските клубови, тренерите и родителите.
Воспитувач: Елена Зафировска
Неговател: Сабине Јакимова
























